И додека сеуште трае приказната за откажувањето на нивниот концерт на Денот на пивото, Бајага и Инструктори за прв пат во својата 35 годишна кариера настапија во Пула, каде ги изведоа повеќето од своите хитови.
Како што неслужбено се дознава, концертот на Момчило Бајага (58) е исфрлен од програмата во Карловац на Денот на пивото, поради негодувањата на бранителските здруженија кои негодувале на неговиот настап, тврдејќи дека не му е место на ваква манифестација.
Српскиот рок пејач и покрај тоа, без никакви проблеми со својот бенд настапи во Пулска Арена.
Тоа што не настапи во Карловац, Бајага не го коментираше, но обожавателите сватија дека кажа доволно започнувајќи го концертот со песната Римјани.
„И се повеќе барбари, а се помалку Римјани“, отпеа Бајага, кој за прв пат во својата 35 годишна кариера настапи во Пулскиот амфитеатар.
Многубројната публика била воодушевена од неговите песни. „Син сафир“ и „Тишина“ ја пееја заедно со пејачот.
Бајага на публиката им се заблагодари со големо поклонување.
За потсетување, по откажувањето на настапот на Бајага, и „Ладно пиво“ одбија да ги заменат за Денот на пивото во програмата.
Момците од „Ладно пиво“ се супер. Секоја чест. Да беше обратна ситуацијата и ние ќе постапевме исто. Шмеќерски и колегијално“, го коментираше Бајага потегот на неговите колеги.
Менаџерот на Бајага Гане Пецикоза истакна дека неговиот клиент повеќе настапува низ Хрватска и Словенија, отколку во Србија.
„Јас не мислам дека е вистина дека се жалеле некој бранители, туку дека организаторите немале пари за Бајага“, смета Пецикоза.