Познатиот југословенски пејач, Момчило Бајагиќ-Бајага и неговиот бенд „Инструктори“, вечерва ќе настапат на Античкиот театар во Охрид, а утре првпат на Хераклеја во Битола.
Публиката ќе може да ужива во безвремените хитови: „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Кад ходаш“, „Од када тебе волим“, „Плави сафир“, па сè до последните хитови од последниот албум, кој излезе лани, со наслов „Овај свет се мења”.
Тие се веќе во Охрид, соопшти вчера „Аволон продукција“ на „Фејсбук“.
Бајага лани имаше концерт во септември во Скопје на стадионот на АРМ по повод 35 години постоење. Поради правилата и епидемиолошките мерки предвидени против Ковид-19, бендот настапи пред помала публика и со пропишана дистанца.
„Ова е мојот најголем концерт по почнувањето на кризата предизвикана од коронавирусот“, изјави тогаш Бајага пред присутните.