Бајага има сериозни проблеми со црниот дроб и се лекува од алкохолизам

Момчило Бајагиќ Бајага, според пишувањата на српските медиуми наводно завршил на лекување од алкохолизам во приватна руска клиника за лекување зависности во Земун. Како што открива  извор за Република, Бајага побарал помош да се ослободи од алкохолот и сериозните здравствени проблеми кои ги има со црниот дроб.

„Интернист од Специјалната болница за интерни болести го посетуваше Бајага во приватната клиника каде што беше сместен. Тој ја следел неговата состојба со оглед на тоа дека црниот дроб му бил речиси целосно уништен поради долгорочно консумирање алкохол. Поради тоа конечно се согласил на лекување, бидејќи се знае дека оние кои имаат проблем со пиењето тешко се одлучуваат на овој чекор. Кај нас е особено општествено прифатливо да се пие и да се наздравува во сите прилики, но ретко кога веќе ќе стане сериозен проблем, некој сака да го признае и прифати тоа, а камоли да оди на лекување“ – изјавил извор близок до Бајага за српските медиуми.

„Момчило неодамна реши да ги земе работите во свои раце и да дојде во оваа позната клиника, каде што успешно се лекува алкохолизмот. Ова е долгорочен процес и вклучува фаза на болничко и интензивно лекување и фаза на продолжен третман. Менталните проблеми со целосна апстиненција од алкохол сè уште можат некако да се решат, но штетните ефекти што ги остава долгорочната злоупотреба на алкохолни пијалаци врз органите како и на црниот дроб се нешто што потешко да се поправат. Затоа беше најважно секојдневното следење од страна на интернист“, продолжил изворот.

Бајага, сега редовно посетувал сеанси и прегледи кои се дел од неговото лекување. „Дозволено е да си оди дома, но постојано е под надзор на лекар, во смисла дека редовно посетува закажани сеанси во кои е вклучена и неговата терапија. Кога станува збор за оштетување на црниот дроб, особено кога е оштетен од алкохол, многу е важно пациентот да биде дисциплиниран.

Бајага, рекол дека се чувствува добро. „Супер сум, не знам што би можеле да добиете, одлично се чувствувам, никогаш подобро.  Не е точно тоа за лекувањето. Немам проблем, се чувствувам добро, ви благодарам за грижата – рекол Бајага на прашање од новинарите за проблемите со црниот дроб и лекување во болница.

Scroll to Top