Легендарниот Момчило Бајагиќ – Бајага испрати видео порака до македонската публика во пресрет на неговиот концерт во Скопје кој ќе се одржи на 13-ти септември на стадионот АРМ.
“Драги пријатели од Скопје и Македонија, голем поздрав од Бајага. Драго ми е дека после малку подолго време ќе дојдам со “Инструктори” во Македонија. Ве повикувам сите на 13-ти септември да дојдете на стадионот на АРМ каде во придружба на македонски симфоничари и хор, ќе отсвириме концерт на нашите најголеми хитови. Се разбира ќе ги почитуваме сите мерки на безбедност, 1500 влезници се пуштени во продажба, а организаторите ќе ви кажат се. Сите знаете како треба да се однесуваме во време на корона, но ние ви ветуваме навистина убав концерт на отворено и во природа, да уживате во нашите најголеми хитови и феноменалната свирка на моите “Инструктори”, вели Бајага.
Влезници за концертот сеуште можете да набавите на avalon.mk и во нивната продажна мрежа.






