Бајага откри дека во песната „Тамара“ има грешка

Спрскиот музичар Момчило Бајагиќ – Бајага, во интервју за српски „Телеграф“ призна дека песната „Тамара“ има голема грешка која луѓето и не ја забележале.

„Кога ја пишував Тамара, никогаш претходно не сум ја посетил Русија. Потоа бев неколку пати. Инаку, имам пристојно имам знаење од географија, но дали заради римата или оти не сум имал време, во песната сум направил една грешка. Во еден стих стои чекав пред театарот Бољшој, за потоа во друг стих напишал иако беше поубава од Нева, а Нева е во близина на Санкт Петерсбург“, открил Бајага.

Во интервјуто додал и дека најважна му била римата.

„Помеѓу тие две места има една цела ноќ патување со воз. Сега, тоа може да се протолкува како поетска слобода, но мене таа река Нева ми беше многу убава, па се сетив, но внимавав и што ќе римувам“, рекол Бајага.

Scroll to Top