Бајага и инструктори со концерт на Ушче прославија 40 години постоење на легендарната група.
Бидејќи овој концерт доаѓа во услови на лоши вести за здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ, со кого Бајага свиреше во Рибља Чорба, а подоцна му пишуваше песни, сите очекуваа тој да изведе една од нив.
Во таа прилика Бајага на присутните им рече:
„Сега една песна од ерата на Рибља Чорба, ја пееме за Бора, да победиме“, а го отсвири и легендарниот хит „Када ходаш“, кој Бора го отпеа на албумот „Вчераш вас забављају музичари кои пију“ од 1984 година.
„Навистина му посакувам брзо закрепнување. Нормално е, иако не личи на тоа, многу силен човек и затоа успеваше да се извлече досега. Секој пат, се надевам и овој пат“, изјави Бајага за срспски „Телеграф“ пред неколку дена.