Бајага: Уште пред две години се разведовме со Емилија, за среќа, јавноста подоцна дозна

Рок-музичарот Момчило Бајагиќ Бајага проговори за разводот со сопругата Емилија по 33 години брак. Тој рече дека е точна веста за нивниот развод и дека во јавноста се дознало дури после две години.

„Мислам дека е непристојно, некој да сака да знае за неговиот приватен живот, а јас мислам дека приватниот живот сепак е приватна работа. Мора да има некој момент што не им е познат на сите“, рече Бајага.

Тој рекол дека ги презира реалните шоуа и прекумерното изложување и гледање во нечии чинии и бањите на луѓето, она што треба луѓето да ги интересира е мојата музика, рекол Бајага.

Бајага летово во едно интервју ни откри дека не бил изненаден од интересот на јавноста за неговиот развод.

„Мислам дека беше паметно што успеав да ги задржам тие информации долго време за себе и немаше голема паника. Не го објавувам мојот приватен живот, а исто така ми беше драго заради децата што веднаш не излезете иформацијата во јавност“, рекол тој тогаш.

Во интервју за Репортер тој зборуваше за отсуството од дома за време на турнеите и за односите со неговата сопруга.

Scroll to Top