Бака Прасе им покажа среден прст на новинарите

By

Српскиот рапер и јутјубер Богдан Илиќ, познат и како Бака Прасе утрово се појави во полициска станица во Белград, каде даваше изјава за наводно користење на недозволена сипстанца. Српските медиуми пренесоа дека ги навредувал новинарите и им покажувал среден прст.

dobivaj vesti na viber

Потоа почнал да го навредува и Жељко Митровиќ затоа што го обвини дека му должел пари и дека му ја украл идејата за инфлуенсерска телевизија. Според пишувањето на медиумите, Бака Прасе бил предупреден за однесувањето одма откако влегол во зградата.

„Јутјуберот“ ќе мора да се изјасни за видеата на кои наводно користел супстанца која личела на дрога. Ќе мора да даде исказ за евентуално извршување на кривичното дело, неовластено држење на нелегални супстанци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

Богдан ќе мора да објасни и каде исчезнале видеата, кој ги снимил и со која цел. Мора да објасни и од кого ги набавил супстанците. За потсетување, неодамна му беше згаснат „Јутјуб“ каналот на кој го следеа повеќе од 2 милиони фанови.

Ќе ви се допадне