Бака Прасе се отсели од Србија по смртта на инфлуенсерката Кика

Веќе неколку недели српските медиуми пишуваа дека Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, планира да ја напушти Србија по самоубиството на инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ. Тој се огласи на Инстаграм и ги потврди овие тврдења.

„Ќе ви објаснам во видео сè, каде се преселив и што ќе правам во иднина“, истакна Богдан.

За потсетување, Бака Прасе и Кика се скараа пред две години, откако тој објави песна во која ја исмејуваше  инфлуенсерката. Тој неодамна со солзи во очите ја раскажа својата страна од приказната и призна дека кога дознал за нејзината смрт, мислел дека тој е виновен поради провокациите што ги сторил против неа во минатото.

Тој тврди дека после јавната расправија, се смириле, а Кика му простила сè.

„Бев меѓу првите што дознаа за овој настан, бидејќи ми се јавија нејзини пријатели и ми кажаа дека јавно ќе ме поддржат околу вистината за целиот настан, но одбив бидејќи не сакам да бидам жртва. Жал ми е за тоа што се случи и што не објавив дека се помиривме и се дружевме. Жал ми е затоа што луѓето не ја знаат причината, а покажуваат со прст, на мртвите не им даваат мир и почит, само за да соберат неколку лајкови, критики, споделувања и морални поени“, напиша тој по смртта на Кика.

Scroll to Top