Балашевиќ купил вила на Истра од половина милион евра

Српскиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ купил вила во Истра за која платил повеќе од 400.000 евра. Хрватските медиуми пишуваат дека пејачот вилата ја пазарел преку фирма чиј директор е неговата ќерка.

Тамошните жители не сакаат премногу да зборуваат за новиот дом на Балашевиќ, но велат дека секој кој ќе купел имот на ова место, доаѓал само на одмори за викенд.

Вилата на Балашевиќ има околу 200 квадрати, со базен. Има и гаража за два автомобили, голем дневен престој, четири спални соби, секоја со посебни купатила, сауна, кујна, подно греење и џакузи.

Околу неговата вила се наоѓаат уште осум такви идентични вили, кои засега се без сопственик. Во близина се наоѓа и Природен парк, а морето се наоѓа на само шест клометри оддалеченост.

Scroll to Top