Бали-бег и Неџла чекаат дете, актерката е во четвртиот месец од бременоста

Турскиот актер Бурак Озчивит, познат како Бали-бег, чека второ дете. Сопругата Фехрије Евџан, е во четвриот месец од бремноста, а веста ја потврдија неодамна и двајцата актери. Тие веќе го имаат тригодишниот  син Каран. Ферхије неодамна го заврши снимањето на турската серија „Арпаслан“. Бурак пак игра во турската хит серија „Осман Газија“.

Бурак и Ферхије се запознаа на снимањето на серијата „Дневник на љубовта“. Врската ја почнаа во 2013 година, но криеја од јавноста. Потоа Следуваше свадба од бајките. Подоцна открија детали за својата љубов и дека Бурак ја побарал за жена Ферхије на нејзиниот роденден. Тие се венчаа на 29 јуни 2017 година во луксузната вила „Саит Халим-паша Џалиси“ во Истанбул, а на церемонијата присуствуваа само семејството и тесен круг пријатели. На Малдивите уживаа во меден месец. Во април 2019 година Бурак и Фехрије го добија синот Каран.Двојката неодамна прослави пет години брак.

Scroll to Top