Басистот на „Рибља чорба“ трет ден се бори за животот, на респиратор поради коронавирусот

Миша Алексиќ, басистот на „Рибља чорба“, трет ден е на респиратор и состојбата му се влошила, пренесуваат српските медиуми. Неговата ќерка Мина објавила статус во кој потврдила дека нејзиниот татко се бори за животот.

„Мојот Мишо заболе од Ковид-19 и е на респиратор веќе трет ден. Секој час е негова борба за животот, како и моја и на мајка ми за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат каков лав и борец е тој. Би сакал сите луѓе што го сакаат и почитуваат како мајстор на рокот овие денови да бидат со нас, со него и да веруваат дека ќе победиме. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со семејството на ручек и се смеевме дека не сакаме да носиме маски и зборувавме каде ќе одиме да се забавуваме или да ручаме. Јас сега останав со двајцата родители во болница. Преплашена – да, но и храбро верувам во среќа и добра енергија. Ве молам, заради Миша, да испраќаме најсилна енергија во вселената и што побргу да се врати на сцената со гитара“ напишала Мина.

Scroll to Top