Беби Дол го заложила накитот на тетка ѝ вреден 3.000 евра за 300 евра заем и исчезнала

Неодамна во медиумите се појавија приказни за тоа дека познатата пејачка Драгана Шариќ попозната како Беби Дол има финансиски проблеми и дека јаде во Народната кујна. Иако неколку пати била видена како зема храна таму, никој со сигурност не можеше да каже дали пејачката ја зема за себе или за некој друг. Оваа приказна подоцна ја потврдиле и нејзините соседи, а како што сега пишува „Курир“, штом починала нејзината тетка, Беби Дол продала скапоцености од нејзиниот стан, меѓу кои и многу накит.

Се зборува дека таа побарала заем од 300 евра, кој го добила, но договорот бил каматата да биде 20 отсто месечно, а рокот на отплата 90 дена. Блиски луѓе на пејачката за споменатите медиуми изјавиле дека таа не се појавила во заложницата во договорениот рок, а вредните предмети кои се проценети на околу 3.000 евра автоматски отишле кај нив, а подоцна ги продавале по многу пониски цени.

Познаници и пријатели на пејачката рекле дека долго време не се слушнале со неа, а според информациите на „Курир“ таа наводно го сменила бројот за да не може никој да и се јави, бидејќи била во долгови со многу луѓе.

 

 

Scroll to Top