Беквалац добивала заканувачки пораки поради долгови на Лука

Наташа Беквалац е убедена дека нејзиниот сè уште законски маж Лука Лазукиќ е виновен за наводниот грабеж што се случил на нејзинатa фарма во Ченеј.

Во октомври 2017 година на фармата упаднале крадци кои, како што тогаш пренеле медиумите, го украле само алатот затоа што немало ништо друго вредно.

Беквалац на своите блиски тогаш им соопштила дека грабежот бил исцениран од страна на Лука. Пејачката смета дека работниците си го зеле својот алат и го напуштиле имотот зашто не биле исплатени за завршената работа.

Наташа подоцна соопштила дека примила вознемирувачки пораки поради тоа што нејзиниот сопруг Лука наводно им останал должен. Овие информации биле потврдени подоцна и од страна на нејзиниот пиар-тим.

„Наташа во моментов минува низ тежок период во животот. Освен што претрпела физичко насилство, таа секој ден се соочува со големи финансиски долгови. Прима вознемирувачки повици од луѓе кои работеле на изградба на фармата во Ченеј, а Лука Лазукиќ не ги исплатил. Наташа дознала дека нејзиниот поранешен сопруг ја исценирал кражбата на фармата, а всушност станува збор за неисплатени работници кои си го собрале алатот и вредните работи и си заминале. Наташа не работи од октомври и има големи финансиски проблеми“, велат од нејзиниот пиар-тим.

 

 

Scroll to Top