Беквалац: Ќе му вратам сè на Лазукиќ, а на крај ќе го честам пица

Српската пејачката Наташа Беквалац на поднесените барања за развод од страна на нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ, кој сега и бара 20 милиони динари за направените трошоци, му порачала дека има намера да му врати сè.

Пејачката кратко му порача дека ќе му го плати секој цент, па дури на крајот го чести и пица.

„Ќе му платам сè што сум јадела и пиела на негова сметка, а ќе го честам и пица“, прокоментирала неговата сè уште официјална сопруга.

Дури и познатиот рокер Бора Чорба не може да верува во постапката на Лаузиќ.

„Ситничар. Измамник. Тоа е сè“, огорчено реагирал Бора Чорба.

Во шок била и Гоца Божиновска.

„Срам да му е! Не би му дала ни денар од инает. Наташа нека му се заблагодари на Господ што се ослободила од него. Вистински господин се повлекува и си заминува“, вели Божиновска.

 

 

Scroll to Top