Српската пејачка Наташа Беквалац за првпат зборуваше во јавноста за тешкиот период низ кои помина по разводот со бизнисменот Лука Лазукиќ. Вели дека нема многу време да се навраќа на минатото и погрешните избори и луѓе.
Пејачката вели дека повеќе не ја интересира минатото и Лука и дека повеќе нема солзи за него. На прашањето дали и понатаму верува во вистинска љубов, Беквалац вели дека ако таква не постои, тогаш животот не вреди пет пари.
„Во периодот што мина почнав да ја почитувам својата работа и сфатив дека не би можела да живеам без музика. Немам многу време да се враќам на минатото, на погрешните избори и лошите луѓе. Имам две деца на различна возраст кои го бараат моето целосно внимание и работа што ја обожавам. Сега сум фокусирана на ќерките и кариерата. Уживам во сето тоа што во моментов се случува“, вели Беквалац.
Беквалац откри детали за новата песна што ја напишала нејзината пријателка Бојана. Пејачката вели дека Бојана, со која минала голем период заедно, била инспирирана од нејзиниот живот.
„Не заплакав кога го прочитав текстот затоа што јас моите солзи ги исплакав во минатото. Морам да признам дека се наежив кога ја слушнав. Знаев дека морам да ја снимам“, вели Наташа.