Беквалац во болница, ја претепал мажот

Пејачката Наташа Беквалац е пренесена во Ургентниот центар во Белград, оти ја претепал сопругот Лука Лазукиќ, пишува српски „Блиц“. Според извори на порталот, таа е донесена во Ургентниот центар во лоша состојба, но засега немаат повеќе детали.

Наташа и Лука се венчаа кон средината на септември минатата година на церемонија на Ибица. На венчавката присуствуваа неколку роднини и пријатели на парот. Ова е трет брак на Беквалац. Таа на 28 февруари ја роди својата ќерка Катја.

Scroll to Top