Беквалац и во претходниот брак со Данило имала насилни моменти

Српската пејачка Наташа Беквалац, која деновиве е во центарот на внимание кај јавноста, по насилството кое го претрпела од страна на нејзиниот сопруг Лука Лаузиќ, имала и во претходниот брак со Данило Икодиновиќ насилни кавги и пресметки, пренесуваат медиумите.

Ова го вели извор близок до семејството, кој дополнил дека токму причината и за претходниот развод со Данило биле физичките пресметки.

– Таа во многу наврати фрлаше по Данило со пепелници, фен за коса. Набрзо потоа решија да се разделат“, вели изворот.

Кавгата меѓу Наташа и Данило како што пренесуваат медиумите, наводно настанувала поради патувањата на пејачката со нејзините сестри. Не можеле да се согласат и околу тоа Данило да се појавувал на нејзините настапи. Ватерполистот бил повлечен ѝ не сакал премногу да се експонира во јавноста.

 

Scroll to Top