Бендот Амадеус доживеа несреќа: се превртеа со комбе во Србија

Комбе со кое се превезувале членовите на српскиот бенд Амадеус излетало од патот и се превртело. Еден од членовите на бендот сподели фотографии од местото на настанот.

„Среќата нè следеше вечерва, исто како што нè следеше сите овие 25 години. Фала му на Бога што никој од бендот не е повреден. Ајде да продолжиме понатаму“, напиша Александар Станимировиќ (51), познат како Аца Амадеус. Несреќата се случила во близина на Мајданпек, град во Србија.

Несреќата се случила поради пукната гума.

„Гума пукна во близина на Мајданпек додека возев. Комбето беше целосно уништено, но фала му на Бога што сме живи. Бог навистина нè чува. Не беше наивна несреќа. Ви благодариме за вашата загриженост“, додаде Аца.

Scroll to Top