Бескрајна колона луѓе на погребот на Денис Тот, бројни познати спортисти дојдоа да го испратат ракометарот

Денеска во Ѓаково беше погребан хрватскиот ракометар Денис Тот, кој очина откако беше претепан пред скопскиот ноќен клуб „Привилиџ“.

На погребот присуствуваа колони луѓе, меѓу кои и неговите роднини и пријатели. Но и голем број познати личности од светот на спортот, меѓу кои Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Иво Смоја, Мирослав Бојко и многу други.

За потсетување, двајца од неговите напаѓачи се во притвор, додека за третиот е распишана меѓународна потерница. Обвинителството го истражува мотивот за нападот, кој засега не е познат.

Извор и фото: gol.dnevnik.hr

Scroll to Top