На турнеа низ Македонија, српскиот уметник Стефан Симиќ пред публика ќе го престави својот проект „Театар на искреноста“. Настапот го најави како спој на театар, кабаре и исповест.
„Јавете на пријателите во Скопје, Битола и Куманово. Влезот е слободен. Настапите се спој на театар, кабаре и исповест. Се што изведувам, изведувам со музика што на настапите им дава посебна боја, израз, тон… Сето ова го собрав во два часа низ различни форми на игри и ослободувања. Посветив многу годни на сцената, психодрамата, театарот, на многу терапевтски правци, во работа на себе, но и на другите. Не најважно што кажуваш туку како тоа нешто го кажуваш. Настапите се прилично терапевтски, да не кажам лековити. Дојдете да уживате, а јас ветувам незаборавни вечери во духот на се она што денес недостасува“, повика Симиќ.
Вечерва има настап во „Трач бар“ во скопски Аеродром во 18 часот. Утре, пак, исто така во 18 часот е во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола, а во среда на 22 мај има настап во Куманово, во библиотеката „Тане Георгиев“ од 18.30 часот.