„Бев на чекор од смртта, Бог и Свет Илија ме спасија“ – Трубачот Дејан заспа зад волан и излета од патот

Дејан Петровиќ имаше сообраќајна несреќа во Овчар Бања, и вели дека е вистинско чудо што остнал жив.

Познатиот музичар Дејан Петровиќ доживеа пред недела дена сообраќајна несреќа, кога заспа позади воланот, додека се враќал од настап, и излетал од патот. За среќа, мина без полесни повреди, и како што вели, вистинско чудо е што го преживеал сударот.

Несреќата се случи во Овчар Бања, додека Петровиќ од Свилјанац, се враќал од Ужице, а славниот трубач опиша како се чувствува по сударот, кога видел дека неговиот џип е целосно уништен.

„Не знам колку ми требаше да се опоравам од првобитниот шок, но штом дојдов при себе прво што проверив е дали можам да ги движам рацете и нозете и тогаш лесно излегов од кола. Кога се оддалечив, се замрзнав од сликата, затоа што возилото беше целосно уништено. Повикав помош, која брзо се појави и бев префрлен во болница каде беше константирано дека немам никакви скршеници, дека сум помодрен, и дека имам ситни гребаници, но немам никакви повреди. Бог и Свети Илија, чиј празник тој ден беше одбележан, очиглено сакаа да живеам и ми го спасија животот. Немам друго објаснување“, изјави Петровиќ и додаде дека овој датум го слави како втор роденден.

„Бев на чекор од смртта, но преживеав и не сакам ова искуство да го споделам со другите, да ги предупредам дека е доволно само момент да го изгубат животот или да ги загрозуваат туѓите животи. Ние музичарите посебно сме загрозени и често патуваме на големи релации, возиме уморени и ненаспиени. Па погледнете колку уметници останавме по сообраќајните неесреќи. Јас, фала Богу, избегнав да бидам еден од нив, а после се дури и размислив дали воопшто да зборувам за незгодата. Затоа и не се огалсив во првите денови. Но, сватив дека им должам на другите, да со својот пример и го свртам вниманието дека животот е најдрагоцен, и дека треба да направами се за да не го загрозиме“, заклучи Дејан Петровиќ.

Scroll to Top