Наташа Беквалац е во вториот месец од бременоста. Пејачката со партнерот Лука Лажукиќ очекува второ дете, а од првиот брак ја има Хана, која веќе се подготвува за новата училишна година.
На фотографијата што пејачката ја сподели на социјалните мрежи се гледаат учебници и тетратки, но и цигари.
Нејзините верни фанови не пропуштија, а да не ја критикуваат за овој лош порок. Инаку, познато е дека новосаѓанската барбика не може да се откажа од цигарите, иако се обиде неколку пати.