Бисерка им одбила 100.000 долари за да снимаат филм за Дражен Петровиќ

Мајката на еден од најдобрите европски кошаркари Дражен Петровиќ, Бисерка, за време на годишнината од неговата смрт, откри дека продуценти од Лос Анџелс им понудиле да снимаат игран филм за нејзиниот син.

Бисерка на 27. годишнината од трагичната смрт на незаборавениот Дражен, откри дека тој добил бројни почести за животот како што се спортист на годината, кошаркар на годината, споменик во Загреб, музеј, улици го носеле неговото име. Но, таа откри и дека Американци сакале да снимаат филм за него.

„Словенски менаџер од Лос Анџелес ни ја пренесе понудата на Американци кои сакале да снимаат игран филм за мојот Дражен. Сакаа да го откупат од нас правото на неговото име и ние подоцна како семејство, да немаме ништо со тоа. Но, не ни одговараше понудата. Сакавме да имаме удел во тој филм, да има емоции“, вели Бисерка.

Мајката на Дражен откри дека им понудиле дури 100.000 долари, а по можност би направиле и серија, како продолжение на филмот.

„И нашиот продуцент во САД, Пете Радовиќ, ни рече да имаме трпение и дека не беше задоволен од понудата“, вели Бисерка.

Словенскиот менаџер кој стапил во контакт со семејството Петровиќ е Митја Окор, а продудентот и режисерот кој сакал да го снима филмот за Дражен бил Стивен Орит. Тој работел на музичките спотови на Foo Fighters, Muse, OneRepublic. Со неговите филмови освоил четири награди за документарецот American Native.

Пред шест години отворил своја продукциска куќа James Lucy Productions, а неговиот прв докуметарен филм бил „Моето име е Сара“.

„Тие требаа да ги одберат глумците и ниде да немаме ништо со тоа. Тоа на нас не ни одговараше. Парите никогаш не беа мотив за Дражен. Така им велам и во музејот. Да не го гледаат профитот, туку да ја пренесат емоцијата низ приказните за Дражен“, вели Бисерка, која откри дека сака на филмот за Дражен да работат луѓе од Хрватска.

Таа откри дека имало и други понуди да снимаат филм за нејзиниот син Дражен, кои стигнале од Европа, но ниту една не прифатиле.

 

 

 

 

Scroll to Top