Бившата на Џан Јаман, Дилета Леота е бремена: терминот за породување е на мојот роденден

Италијанската спортска новинарка Дилета Леота е бремена. Таа на социјалните мрежи објавува фотографии како ужива во овој период од животот.

По љубовната врска со турскиот актер Џан Јаман, водителката се заљуби во Лорис Свен Кариус германски фудбалер кој игра како голман за премиерлигашкиот клуб Њукасл Јунајтед. Тие се заедно есента минатата година.

Водителката која очекува девојче во средината на август, вели дека го направила тестот за бременост на Бадник. И веднаш сфатила дека Лорис Кариус ќе биде мажот на нејзиниот живот.

Дилета Леота за италијанските медиуми открива дека едвај чека да стане мајка на мало девојче.

Водителката на „Дазн“ открива кога и со какви емоции дознала дека е бремена.

„Беше Бадник и јас бев во мојата куќа во Катанија. Помислив, во ред, ќе направам тест“, раскажала Дилета Леота во телевизиско гостување.

„Бев на видео повик со Лорис, бев со него во живо и кога го погледнав резултатот му реков: „Бремена сум“. Тој беше воодушевен, цел ден потоа бев без зборови. Не зборував цела Божиќна ноќ“, раскажала водителката.

Дилета Леота открива и дека терминот за породување е на нејзиното прво дете е до 16 август, денот на нејзиниот роденден. Инаку полот на бебето го откриле со семејна забава за време на Велигденските празници во Сицилија.

Scroll to Top