Бившиот дечко на внуката на Северина ги објавил голите слики од пејачката

Хрватската ѕвезда Северина и членови од нејзиното семејство го пријавиле поранешниот дечко на нејзината внука од сестра за киднапирање и држење во заложништво. Проблемите почнале откако парот раскинал, а момчето уценувало повеќето членови на семејството Вучковиќ, пробувајќи од нив да изнудува пари. Тој од внуката на Северина се обидел да добие 30.000 евра, но бидејќи таа немала да му даде толку пари, тоа ја држел затворена три дена во хотелска соба и за цело време и се заканувал со пиштол дека ќе ја убие. Девојката не била повредена, но на судењето што почнало неодамна, рекла дека преживеала огромна траума и оттогаш постојано е под стрес.

Медумите дури сега дознале за настанот кој се случил пред помалку од две години. Тие пишуваат дека момчето и од порано ѝ е познато на хрватската полиција поради повеќе ситни криминали, а тој е и главниот осомничен дека го хакирал компјутерот на Северина и ги пуштил во јавноста разголените фотографии што лани ги објавија повеќе медиуми.

 

Scroll to Top