Бјелогрлиќ за својот Гига: Секогаш ми удараше по една воспитна

Драган Бјелогрлиќ соработувал во повеќе наврати со покојниот Марко Николиќ од почетокот на својата актерска кариера, па се до последните проекти, серијата „Сенке на Балкану“ и “Жигосани во рекетот“.

Бејлогрлиќ за српски Курир напишал, дека за својот актерски татко имал многу силни емоции.

“ Во филмот Бошко Буха„ Марко Николиќ играше наш командант, кого сите го викавме “чале“. Во “Бољи живот“ исто така ми беше татко, легендарниот Гига. Кога и да се сретнеме ќе ми удреше по една воспитна, како што тоа му го правеше Гига на Бобо“ напишал актерот.

“ Ми беше телевизиски татко. Беше прекрасен, топол човек, убаво пееше, свиреше гитара. сакаш повеќе да зборува за риболов отколку за глума, ги сакаше жените а и тие него. Во сите мои режисерски проекти одигра фантастични улоги. Отиде рано. Можевме уште малку да се дружиме и да работиме. Многу ќе ми недостасува. Збогум, Гиго мој“, вели Бјелогрлиќ.

Scroll to Top