Пејачката Јелена Карлеуша го најави својот новогодишен концерт со фотографии со Дедо Мраз. Таа му седна во скутот и рече дека годинава била добра девојка и заслужува подарок.
На фотографијата за кратко време собра повеќе од 90.000 лајкови, а од фановите доби само убави комплименти.
„Блазе си му на Дедо Мраз. Му завидувам“, напиша еден од нив.
За потсетување, Карлеуша за Нова година ќе пее бесплатно пред Народното собрание во Белград.