Сопругот на Лепа Брена, Слободан (Боба) Живоиновиќ, се пофали со тоа како ја запознал принцезата Дијана, но не ги открил деталите за тоа дека имал романса со неа.
„Една недела пред Вимблдон се одржа хуманитарен меч под нејзино покровителство. Јас бев еден од учесниците што имаше можност да ја запознае“, изјавил Живоиновиќ.
Слободан открил дека станувало збор за преубава и прекрасна жена, со која зборувал со часови на разни теми.
„Беше преубава жена, прекрасна, со неа можев да зборувам со часови на секакви теми. Бев изненаден колку е природна. Зборувавме за децата бидејќи мојот Филип е на иста возраст како и нејзините синови“, изјавил Боба.