Легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“ почина утрово во болница во Љубљана, потврди групата „Рибља чорба“.
Последните денови од животот ги помина во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде што беше хоспитализиран по тешка пневмонија.
Бора Ѓорѓевиќ е роден во Чачак во 1952 година, а во поранешна Југославија остави голема трага на јавната сцена како рок-музичар и поет, а извесно време беше активен и на политичката сцена.
Рокерoт имаше три брака, беше во брак со Драгана Ѓорѓевиќ со која го има синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од претходниот брак. Борисав и Драгана на 5 февруари 2007 година се развеле спогодбено, а Борис и го напуштил станот во кој живееле. Според тамошните медиуми, Драгана Ѓорѓевиќ извршила самоубиство на 23 март 2007 година, а оваа информација никогаш не била јавно потврдена од рокерот.
Драгана Ѓорѓевиќ беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата Београдска на 27 март 2007 година. Причина за нејзината смрт е предозирање со антидепресиви, поради што полицијата дошла до заклучок дека таа се самоубила. Но, Ѓорѓевиќ тоа никогаш не го призна. Тој го промени изразот на лицето кога водителот во една емисија спомна дека неговата сопруга извршила самоубиство и само рече „Не се убила, само претерала“
Се шпекулираше дека Драгана не може да го преболи разводот со Бора и неговата 28 години помлада партнерка со која се ожени во 2009 година и на која и го посвети албумот „Минута со неа“.
Бора често истакнуваше дека таа му е вечна инспирација, а и го посвети хитот „Авиона сломичу ти крила“. Двајца некогаш беа склони кон алкохол. Иако кризата траела долго, дефинитивна причина за разводот наводно била новата љубов на Ѓорѓевиќ.
Драгана тешко го поднела разводот, а некои дневни весници долеале масло на огнот со тврдењето дека Бора се заљубил до уши и дека ќе ја запроси девојката двапати помлада од него на концерт во „Белград Арена“. Тоа не се случи, а „Рибља чорба“ таа вечер го започна настапот со песната со симболично име „Остачу слободан, не чу се везати“, пишува порталот ГласСрпска.
На 18 ноември 2009 година, легендарниот рокер по втор пат се ожени, со дваесет и осум години помладата, Александра. Својата избраничка ја запозна на турнеја низ САД. По четири години заврши и овој брак.
„Се разведов пред два дена, сега тоа можам јавно да го кажам“, изјави Бора за Курир, но потоа ги изненади сите со тоа што призна дека не е сам и откри дека има нова девојка, која живее во Словенија.
„Навистина никогаш не сум се чувствувал подобро, нон-стоп сум на релација Србија – Словенија, има жена во Словенија која ми го украде срцето! Кога не сме заедно, не се симнувам од телефонот. Заљубен сум, немам што да кријам, нека знае цел свет“, искрен бил Бора, пренесува Блиц.
Љубовта со Александра траеше неколку години, а бракот го завршија во 2014 година. Третата среќа музичарот ја пронајде покрај извесна Дубравка Милатовиќ. Бора во едно интервју изјави дека таа е неговата последна љубов.