Бора Ѓорѓевиќ се бори со ракот, влошена состојбата на фронтменот на „Рибља чорба“

Пејачот и фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, се бори со ракот, кој се проширил на белите дробови, пренесоа српските медиуми. Тој живее со своето семејство во Љубљана, каде што лани му беше дијагностициран карцином на простатата. Неодамна неговата состојба наводно се влошила. „Бора води битка за живот. Неговата здравствена состојба значително се влоши, ракот се прошири на белите дробови, па Бора редовно оди на хемотерапија. Лекарите прават сè што е во нивна моќ да му ја стабилизираат состојбата на Бора. Дополнителен ризик е коронавирусот, кој би бил фатален за Бора, кој и онака е во лоша состојба, па затоа и не дојде на погребот на Миша Алексиќ, кој почина на 29 ноември“, изјавил негов близок за „Објектив.рс“.

 

Scroll to Top