Борис Новковиќ се разведе по четврти пат

Хрватскиот музичар Борис Новковиќ се разведе по четврти пат, по само четири месеци брак.

Првата жена на Борис е актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ со која бил во брак пет години. Следниот брак му траел девет години, со новинарката Луција Матиќ, со која има два сина. Заради Ива Вишошевиќ се развел и по вторпак, но бракот со неа траел само три години. Набрзо по разводот се запознал со Инес Катиќ. Се венчале на крајот на пролетта, но и овој брак „пукнал“ по само четири месеци.

На своите пријатели 49-годишниот пејач им рекол дека не ја губи вербата во љубовта и дека ќе се жени ако треба и десетпати додека не ја најде вистинската.

Scroll to Top