„Сакам што побргу да почнам од почеток. Животот преку ноќ ми се претвори во катастрофа и сонувам за тоа да ме остават на мира. Не сакам да се сликам, сакам се да се врати во нормала. Немам сила да се борам, не можете да замислите што ми се случува. Како да сум во некој хорор филм“, изјави Бранислава.
„Видов дека Аца го сликале со жена му. Им ја посакувам целата среќа. Не сум изненадена, тоа можеше да се очекува“, истакна Бранислава.
Кога се во прашање нејзините фотки на кои е целосно гола, а кои завршија во дневниот весник Информер, Бранислава вели дека не била ниту млада, ниту луда, кога ги испратила, туку заљубена.
„Тие фотографии се испратени од моето тогашно момче и требаше да останат интимна работа. Не знам што да ви кажам, кој и да ги пуштил тие слики ги преминал сите граници. Тоа е голема катастрофа за моето семејство, за мојот развод, за мојот живот… Класичен безобразлук, срамота“, раскажува Бранислава.
Да потсетиме, таа вчера истакна дека единствениот вистински маж во нејзиниот живот бил нејзиниот маж, Жељко Пашајлија од Црна Гора, со кого има син.
„Се мажот ми да им прости, јас нема никогаш на себе си да си простам. Мислам дека уште долго ќе размислувам со кого сакам да го заменам. Единствениот вистински, единствениот вреден и незаменлив маж во мојот живот беше тој, но немаат сите бајки среќен крај“, изјави Бранислава.
Погледнете ја и снимката меѓу нејзе и Лукас, кога пејачот за прв пат ја донесе на јавен настап, односно на настап на Јелена Карлеуша на еден белградски сплав.
Видеото погледнете го на следниот линк: