Бранислава повторно се огласи – Ја спомна и Соња и голите слики

By
Поранешната дедвојка на фолк пејачот очигледно не сака да се држи до принципите на молчење, како што тоа, барем моментално, го прави Аца Лукас.

„Добро сум, не ми е тешко поради нашето раскинување. Се нервирам поради тие слики. На Аца не мислам, а веќе се подготвувам за пат. Одам да ги завршам документите околу разводот, тоа ми е во моментов важно, а за Лукас не сакам премногу да размислувам“, раскажува Бранислава Пашајлија, чии разголени фотки вчера беа објавени, нешто што црнокосата девојка очигледно ја потресе.
…И додека Аца Лукас не се огласува по повод раскинувањето на врската која траеше цели 23 дена…

 

…Бранислава за него сепак говори…

На прашањето како сега се чувствува, истакна дека сака сите да ги остави на мира.

„Сакам што побргу да почнам од почеток. Животот преку ноќ ми се претвори во катастрофа и сонувам за тоа да ме остават на мира. Не сакам да се сликам, сакам се да се врати во нормала. Немам сила да се борам, не можете да замислите што ми се случува. Како да сум во некој хорор филм“, изјави Бранислава.

 

Пашајлија не одби да прокоментира за Соња Вукасновиќ, поточно нејзината и средбата на Аца од пред неколку дена, во еден ресторан.

„Видов дека Аца го сликале со жена му. Им ја посакувам целата среќа. Не сум изненадена, тоа можеше да се очекува“, истакна Бранислава.

Кога се во прашање нејзините фотки на кои е целосно гола, а кои завршија во дневниот весник Информер, Бранислава вели дека не била ниту млада, ниту луда, кога ги испратила, туку заљубена.

„Тие фотографии се испратени од моето тогашно момче и требаше да останат интимна работа. Не знам што да ви кажам, кој и да ги пуштил тие слики ги преминал сите граници. Тоа е голема катастрофа за моето семејство, за мојот развод, за мојот живот… Класичен безобразлук, срамота“, раскажува Бранислава.

Да потсетиме, таа вчера истакна дека единствениот вистински маж во нејзиниот живот бил нејзиниот маж, Жељко Пашајлија од Црна Гора, со кого има син.

„Се мажот ми да им прости, јас нема никогаш на себе си да си простам. Мислам дека уште долго ќе размислувам со кого сакам да го заменам. Единствениот вистински, единствениот вреден и незаменлив маж во мојот живот беше тој, но немаат сите бајки среќен крај“, изјави Бранислава.

Погледнете ја и снимката меѓу нејзе и Лукас, кога пејачот за прв пат ја донесе на јавен настап, односно на настап на Јелена Карлеуша на еден белградски сплав.

Видеото погледнете го на следниот линк:

 

Ќе ви се допадне