Бранко Коцкица со нож влезе во српското собрание

Српскиот актер Бранко Миличевиќ, познат како Бранко Коцкица, се обидел да влезе на седницата на градското собрание на Белград со нож во чантата, пренесуваат тамошните медиуми.

Поранешниот водител, а сегашен пратеник во градското собрание на Белград, изјави дека додека поминувал низ детекторот за метал, заборавил да го извади швајцарскиот армиски нож од џебот. Ножот бил задржан до крајот на седницата и на крајот му бил вратен.

Бранко Коцкица ги водеше најпопуларните детски ТВ-емисии во 70-тите и 80-тите години.

Scroll to Top