Брена и Боба се селат во Америка

Српската пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ ќе се преселат во Америка, вели нивен близок пријател. Двојката која неодамна прослави 28 години брак, сака да се пресели во Мајами каде има куќа.

„Низ годините двајцата работеа вредно и напорно и немаа многу време за одмор. Тие сакаат остатокот од животот да го поминат одморајќи и уживајќи во САД. Ќе ја продадат куќата во Белград, затоа што нивните синови Филип и Стефан веќе се преселија. Можби во иднина ќе се вратат во Србија, но на краток период. За некој концерт или бизнис, но немаат намера да останат во Белград. Нивните деца се согласни со ваквата одлука, а и самите изразија желба да заминат на Флорида, каде планираат да продолжат со школувањето“, вели извор близок до семејството Живојиновиќ.

Брена вели дека ја обожава Америка затоа што таму живее нејзината сестра Фикета.

„Не се откажав од желбата да се преселам на Флорида. Се надевам дека наскоро тоа ќе се случи. Единствена работа која ме држи тука е фактот дека нашите деца пораснаа во овој крај“, изјавила Лепа Брена.

 

 

Scroll to Top