Брена ја стави Цеца во документарец, а Карлеуша збесна

Пејачката Јелена Карлеуша прва го коментира третиот дел од документарниот филм за животот на Лепа Брена велејќи дека не може да поверува колку таа е толерантна жена.

Пејачката адулира на тоа дека не требало да ја стави Цеца во него поради тоа што била поврзана со киднапирањето на нејзиниот син.

– Колку ти, Брено, си толерантна жена. Кумот на Цеца, Легија, и нејзиниот најблизок пријател Шиптар, ти го киднапираа детето, а ти ја стави во документарецот. На твое место таа за мене би се појавила само во некролог“, напиша Карлеуша на „Твитер“.

 

 

Scroll to Top