Фолк-ѕвездата Лепа Брена на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии од свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ. На една од нив Брена е сликана со невестата, нејзината мајка Борка и со Зорица Накиќ, првата жена на Боба, а мајка на Филип.
„Нашата принцеза Александра и мајките“, напиша Брена на фотографијата која доби преку 11.000 лајкови и бројни коментари и честитки за младенците.
Александра и Филип се венчаа денес попладне во црквата Св. Василиј Острошки во Белград. Александра на венчавката го зеде презимето на Филип. По црковната венчавка, најблиските се вратија во домот на Брена и Боба на мала коктел забава, а вечерва во присуство на преку 700 гости ќе направат голема свадбена веселба.