Брена откри дали ќе и ја исполни желбата на Драгана Мирковиќ да снимат дует

Лепа Брена се врати од годишен одмор и е подготвена за нова работна победа, а веќе на есен ќе ја изненади публиката со филм и нов албум.

Една од најголемите музички ѕвезди на поранешна Југославија, Лепа Брена, настапи неодамна во Брчко, каде што на публиката и приреди уште еден спектакуларен настап.

По авантуристичкото летување на бродот, на кој уживаше со сопругот Бобо Живојиновиќ, фолк ѕвездата е подготвена за нова победа и нови изненадувања кои и ги подготвува на својата публика.

„Одморот на бродот е нешто целосно поинаков во однос на летувањата по хотелите. Овде сте многу порелаксирани и поопуштени. Нема шминкање, дотерување, специјални костими, специјални папучи, специјални фустани, тоа многу ми се допаѓа“, изјави Брена, која со Бобо го обиколи Јадранскиот брег.

Публиката на Брена нестрпливо чека документарниот филм за нејзината кариера ја здогледа светлината на денот, а пејачката на тоа со екипата работи на големо.

„Ние работиме на тоа веќе долго време и доста работи поврзани за филмот се направени. Целата приказна ќе биде готова на есен. Можам само да кажам дека што се однесува до песните, оваа година прославувам 35 години кариера, и сакав да посветам една песна и цел албум, се разбира, на сите кои ме следат овие години, и мислам дека албумот ќе им се допадне на новите генерации. Многу се радувам што можам да кажам дека од есен ќе работам многу повеќе“, истакнува Брена.

Иако веќе отпеа 70% од потребниот материјал за новиот албум, Брена ја чекаат уште напорни часови во студиото, а музичката ѕвезда и нејзината екипа го користат летото максимално, за до есен се одморат и почнат со пожешко темпо. 

Бидејќи Драгана Мирковиќ изјавила дека сака да сними дует со Лепа Брена, неминовно било прашањето дали фолк-ѕвездата ќе и ја оствари желбата.

„Како да не. Не е проблем во дуетот, туку проблем е што, можат да испеат една црнка и една русокоса, како да пронајдат тема… Сите дуетски песни мораат да имаат некоја тема која е малку поинаква и малку посериозна“, заклучува со насмевка Брена. 

На следниот линк погледнете го интервјуто со Лепа Брена

Scroll to Top