Чедо Јовановиќ повторно ќе стане татко, со сопругата Јелена го чека петтото дете

Лидерот на српската демократска партија Чедомир Јовановиќ ќе стане татко по петти пат. Тој и неговата сопруга Јелена Јовановиќ ја потврдија веста, а Чедо сподели колаж фотографии од нив двајцата на Инстаграм и Фејсбук.

„Да вистина е дека ќе станам татко. Само тоа во моментов ме интересира. Не сакам да коментирам ништо повеќе“, рече Чедо.

Тој објави неколку семејни фотографии од периодот кога Јелена беше во бремена состојба.

Неодамна побарав согласност и Јелена по петти пат го даде #happyfamily“, напиша тој на Фејсбук. За потсетување тие имаат три ќерки Јана Харт, Зоре Фејт, Анџелина Феј и синот Михајло Лајф.

Scroll to Top