Српските медиуми пишуваат дека водителката Дивна Карлеуша, мајката на фолк-пејачката Јелена Карлеуша, била една од најголемите љубови на Здравко Чолиќ. Таа наводно му го скршила срцето на Здравко, оти нејзината мајка не ѝ дозволила на Дивна да се гледа со него, велејќи дека е женкар и дека не е доволно добар за неа.
Откако Дивна го оставила Здравко, на 19 години се омажила за тапанарот на групата „Проарте“, Драган Карлеуша, со кого ја добила ќерката Јелена.