Цеца и Владо наводно биле свршени, а до раскинување дошло кога Лукиќ морал да замине во војска. Цеца своевремено во интервјуата истакнувала дека ја сака оваа песна затоа што е автобиографска.
Инаку, ќерката на Лукиќ се омажи во саботата, а на забавата пеела токму Цеца.
„Дојдов овде по врската што ја имав со Лукиќ пред 30 години. Кога се запознавме со Владо, тој знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шега на страна, Сара сакаше јас да пејам денеска. Гледам дека убаво сте расположени“, коментира Цеца.
Да потсетиме, Цеца на оваа забава дојде во друштво со својата ќерка Анастасија.