Човекот кому Цеца му го посвети хитот „Пуштете ме да го видам“ не е Аркан

By
Иако сите мислеле дека еден од најголемите хитови на фолк-ѕвездата Цеца бил посветен на Аркан, сепак, вистината е малку поинаква.Цеца Ражнатовиќ има повеќе од успешна кариера, а нејзините стари хитови може да се слушнат на секој чекор. Секако, една од нејзините најпознати песни е „Пуштете ме да го видам“, хит од 1990 година. Меѓутоа, она што е малку познато е кому Цеца навистина му го посветила овој хит. Иако со години се зборува дека песната е посветена на Аркан, вистината е дека зборовите се упатени на друг човек. Се работи за нејзиното некогашно момче, поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Владан Лукиќ.

Цеца и Владо наводно биле свршени, а до раскинување дошло кога Лукиќ морал да замине во војска. Цеца своевремено во интервјуата истакнувала дека ја сака оваа песна затоа што е автобиографска.

Инаку, ќерката на Лукиќ се омажи во саботата, а на забавата пеела токму Цеца.

„Дојдов овде по врската што ја имав со Лукиќ пред 30 години. Кога се запознавме со Владо, тој знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шега на страна, Сара сакаше јас да пејам денеска. Гледам дека убаво сте расположени“, коментира Цеца.

Да потсетиме, Цеца на оваа забава дојде во друштво со својата ќерка Анастасија.

 

 

Ќе ви се допадне

WCOStream: Hitorigurashi no Shougakusei anime episode 10 online free at https://wcostream.cc wcostream pokemon

Website https://twistmoe.net: Watch Meisou-Ou Border twistmoe Episode Full watch anime

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Lovesolutions431 xobor: http://lovesolutions431.xobor.com/u3327_gogoanimebe.html

Ihubbub: http://www.ihubbub.com/animefreakws