„Чувствував како да ги положив сите испити кога ме покани на сцена“, Северина со емотивна објава се прости од Балашевиќ

Многу естрадни уметници од просторите на поранешна Југославија беа силно погодени од смртта на легендарниот југословенски пејач Ѓорѓе Балашевиќ. Меѓу нив беше и пејачката Северина, која со емотивна порака се прости од легендарниот кантавтор.

Северина раскажа анегдота кога Балашевиќ ја поканил една вечер и ја замолил да биде негов специјален гостин на концерт во Нови Сад. Таа напиша дека се чувстувала како да ги положила сите испити и како деканот да ја повикал да биде со него на сцената.

„Чувствував како да сум поминала сè на колеџ (на мајка ми наместо матурската слика и го приложувам ова). Како деканот да ме повика да бидам со него на сцената, како некој најдобар студент – напиша Северина и продолжи: – Помислив, добро, тоа е како Спрингстин да ми се јавија да настапувам со нив. Исто беше за мене“, напиша Северина меѓу останатото.

За потсетување, Балашевиќ почина вчера на 68 години од коронавирус.

Scroll to Top