Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за новогодишните празници гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“. Во играта „Одговарај или пиј“, Огњен го прашал Дачиќ за неговото прво сексуално искуство. На изненадување на водителот, но и на публиката , тој без размислување одговорил.
„Па, имав 15 години, 14-15“, рекол министерот.
Тој потоа го зел и микрофонот и запеал во студиото.