Дадо Полумента ја повреди раката со петарда

Српскиот пејач Дадо Полумента си ја повредил раката при фрлање петарда. По ова објавил фотографија од повредената рака и на сите им порачал да не фрлаат петарди.

„Со оваа фотографија, сакам да апелирам до сите луѓе кои сакаат да фрлаат петарди, а посебно до децата. Петардите веќе не се како што беа некогаш кога бев јас дете. Ова се главно кинески производи и повеќете се целосно лоши и опасни по живот“, напиша тој.

Полумента вели дека „добро поминал“ оти повредил само два прста, но има 30 конци.

-Не дај боже тоа да беше мојот Доријан, или некое друго дете, раката ќе му беше разнесена, бидејќи експлозијата се случи предвреме. Човек не може да стигне воопшто да ја исфрли од рака, а имаат разорна моќ како динамит. Во Нови Сад многу луѓе завршија со реакција на итна помош, помлади и постари лица“, напишал тој.

Scroll to Top