ДАМИ, ПЛАКНЕТЕ ОЧИ: Лукијан Ивановиќ од Х-Фактор полугол позира во теретана!

Момчето кое сите го засакавме преку регионалниот Х-Фактор, Лукијан Ивановиќ неодамна одлучи да го промени својот начин на живот, па сега конечно може да се пофали со првите резултати.

Имено, Лукијан поради големите обврски во неговото музичко студио немаше можност премногу да се грижи за својот изглед, а килограмите полека, но сигурно се таложеа. Тој одлучи да направи промена и да ги земе работите во свои раце. Правилниот начин на исхрана и редовното вежбање во фитнес центар на Лукијан му овозможи да се пофали на социјалните мрежи со намалени 9 килограми.

Како потсетување, неодамна Лукијан го објави својот прв албум и веќе го продаде првиот тираж, а ние во продолжение ве враќаме неколку години наназад за да се потсетите на маестралниот настап на Х-Фактор кога ја изведе песната „Све моје зоре“ од Тропико бенд.

Scroll to Top