Родителите на кошаркарот Немања Безбрадиќ, дечкото на српската фолк-пејачка Дара Бубамара, побарале од него да ѝ раскине, пишуваат српските медиуми. Дара и 17-години помладиот Немања се заедно една година, но неговите родители, наводно, не ја сакаат пејачката и го тераат синот да ја остави. Најголем противник на нивната врска е мајката на Немања, на која ѝ пречи разликата во годините.
Според „Ало“, Немања неодамна ги излажал родителите и им кажал дека раскинал со Дара. Негов близок пријател за магазинот открил дека тој дури и од Дара побарал да крие дека се во врска.
„Дара не може да ги издржи неговите детски игри. Му рече да биде машко и да им се спротивстави на родителите“, додал истиот извор за „Ало“.