Дара Бубамара и Јелена Карлеуша заедно ќе пеат на концерт

Дара Бубамара в сабота, на 21 април, ќе одржи голем солистички концерт во „Штарк арената“, а Јелена Карлеуша на воодушевување на фановите е најавена како специјален гостин.

Како што пренесуваат медиумите, Дара Бубамара и Јелена Карлеуша ќе ги вкрстат своите гласови и заедно ќе ја отпеат песната „Галама“, која ѝ е омилена песна на Карлеуша од репертоарот на Бубамара.

Сценскиот настап ќе биде придружен со спотот кој двете пејачки го снимија пред пет дена.

Scroll to Top