Дара Бубамара пресреќна во љубовата со кошаркарот Немања Безбрадица

Дара Бубамара веќе седум месеци е во љубов со Немања Безбрадица, кој до пред две години играше за Партизан, а моментално го носи дресот на Беовук 72.

 

„Ги запознаа заеднички пријатели на настапот на Дара во еден белградски клуб. Искрите се појавија уште на прв поглед. Немања веднаш почна да ја опсипува со внимание, па набрзо неговата упорност даде плод. На Бубамара ѝ се допадна што е вистински џентлмен и многу духовит. Тогаш си ги размениле броевите и веќе наредниот ден отишле на ручек. На првиот состанок ја почнале врската“, раскажа извор близок до Дара.

Тој вели дека пејачката никогаш не била посреќна. „Буквално не се раздвојуваат. Двајцата се среќни и вљубени“, додал изворот.

Scroll to Top